Внимание!!! Високо мотивациски содржини.
Ако се предозирате, постои опасност да почнете да сакате се околу себе.
Се родив како Хомо Сапиенс,
за среќа - од човечки родители.

Завршив неколку школи…
– Нижо Алтруистичко
– Средно Бонвиванско
– Дипломирав на факултетот по Авантуризам
– Магистрирав Имагинација и Фантазија
– Докторирав Филантропија
неколку пати паѓав на испитите по шовинизам и мизантропија, и тие на крај дигнаа раце од мене.
Дури ме прогласија за изгубен случај…

Повеке…

Колекционер 5
Прирачник за среќа

Петти дел од веќе добро познатиот Прирачник за среќа. Внимание!!! Високо мотивациски содржини. Ако се предозирате, постои опасност да почнете да сакате се околу себе. Противотров се уште не е измислен. Предупредени сте… Нарачката ја правите на сопствена одговорност. Ако се промените на подобро, не сносиме никаква одговорност.

Нарачај
Колекционер 1
Прирачник за среќа

Внимание!!! Високо мотивациски содржини. Ако се предозирате, постои опасност да почнете да сакате се околу себе. Противотров се уште не е измислен. Предупредени сте… Нарачката ја правите на сопствена одговорност. Ако се промените на подобро, не сносиме никаква одговорност.

Нарачај
Така се Грми
Урбани вибрации
Тоа се тие урбани вибрации кои сите ги сакаме. И ги мразиме.
Стиховите на Драган Таневски како молња се провлекуваат во менталниот склоп на читателот и го освојуваат со секавична брзина. Можеш да ги мразиш или сакаш, но сигурно нема да останеш рамнодушен на нив.
Нарачај
Колекционер 2
Прирачник за среќа

Втор дел од веќе добро познатиот Прирачник за среќа. Внимание!!! Високо мотивациски содржини. Ако се предозирате, постои опасност да почнете да сакате се околу себе. Противотров се уште не е измислен. Предупредени сте… Нарачката ја правите на сопствена одговорност. Ако се промените на подобро, не сносиме никаква одговорност.

Нарачај
Урбани Херои
Како се станува херој
Книга што ослободува
Книга што инспирира
Книга што боли

Секој може да биде херој и антихерој, но да се биде урбан херој во едно антицивилизациско време е вистинско херојство. Храброст е да се бориш со здивено перо и да го скротиш во судбински приказни, да ги кренеш ликовите од дното на пиедестал со леснотија на пердув, а да не го изгубиш оптимизмот на едно дете. Да веруваш дека суетата, гордоста и себичноста се немоќни пред нејзиното височество ЉУБОВТА.

Урбаните приказни на Драган Таневски го имаат оптимизмот на Кандид, култот кон клетите луѓе од дното на Максим Горки, сентиментот од улицата на Славко Јаневски, скопскиот сленг кој автентично го доловува микрокосмосот на урбаните херои расеани низ макрокосмосот… па повторно вратени таму каде што им е местото. Урбаните херои, без шминка и сожалување, катарзично му се поклонуваат на својот нов урбан почеток, оти „без да го допреш дното, не можеш да се кренеш нагоре“.

Нарачај
Нежниот Хулиган
Љубовна крими-акција

Хулиган. Џентлмен. Мисија – одмазда! Се додека неочекувана љубов сето тоа не го менува од корен. Роман кој ќе ви ги разбранува сите сетила во еден момент. Роман во кој ќе почувствувате нежност, страв, нетрпеливост, тага… не се остава на полица додека не се прочита еднаш, двапати, стопати… Крими-љубовна приказна. Ќе се изедете живи што не сте дел од оваа вратоломна авантура.

Нарачај
Колекционер 3
Прирачник за среќа
Нарачај